
На профилот на социјалната мрежа Фејсбук на „Сител ТВ“ беше објавено видео за кое се тврди дека е снимено на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Точниот датум на снимањето на видеото не е познат, меѓутоа може да се забележи дека возачот ги прекршува правилата, односно вози со 240 км/ч на булевар на кој е дозволена брзина од 50 км/ч.
Возачот, исто така, поминува на црвено светло со огромна брзина.
Видео: Сител ТВ