Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Бошков: Го разбирам нискиот минималец, но само преку дијалог може да добиеме зголемени плати

Gladiator 11/03/2025

Претседателот на Бизнис-конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков, која е дел од Економско-социјалниот совет, денеска се осврна на предлогот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата на 500 евра, со субвенционирање од страна на Владата. Бошков нагласи дека за ова прашање се неопходни детални разговори и дека острата реторика меѓу Владата и синдикатите не придонесува кон наоѓање на заедничко решение.

„Во минатото имавме сличен предлог, но по неформални разговори со претставници на Владата, сфативме дека не можеме да очекуваме поддршка за зголемување на социјалните придонеси. Поради тоа, мораме да се придржуваме кон законските решенија што се веќе во сила. Со години наназад инсистираме на колективно договарање во сите сектори, бидејќи веруваме дека дијалогот е клучен за постигнување на значително повисоки плати, а не само за минималната“, истакна Бошков.

Тој додаде дека Владата јасно ставила до знаење дека е време работодавачите и синдикатите самостојно да дојдат до компромис, без да се потпираат исклучиво на државни интервенции.

„Дијалогот мора да се води врз основа на реалните економски услови. Се соочуваме со различни деловни предизвици низ земјата – микро, малите и индивидуалните претприемачи немаат исти можности за зголемување на приходите и платите. Реалноста е дека повеќе од 20.000 луѓе се самовработени, а за да си ја зголемат платата, мора сами да генерираат поголем профит, што не е секогаш едноставно“, појасни Бошков.

Тој исто така се осврна на проблемот со ниската продуктивност во македонските компании, посочувајќи дека ова е еден од главните фактори што ја ограничуваат можноста за покачување на платите.

„Разбираме зошто минималната плата од 24.400 денари е недоволна за пристоен живот, но искуството покажува дека кај голем број работодавачи сè уште не постои системски пристап за мерење на продуктивноста. Компаниите во најголем дел немаат развиени методи за оптимизирање на работниот процес, што сериозно го ограничува нивниот капацитет за зголемување на платите“, потенцираше Бошков.

Tags: Миле Бошков минималец плата

Continue Reading

Previous: Џафери се налути: Не може да разрешувате членови на Судски совет без Бадентер
Next: Малолетник со пушка застрелал куче во Муртино

Најново

  • (ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија
  • (ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци
  • Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир
  • (ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме
  • Зеленски: Украинските животи се поважни од цените на дизелот во светот

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија

(ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија

24/09/2026
(ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци

(ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци

24/09/2026
Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир

Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир

24/09/2026
(ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме

(ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме

24/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија
  • (ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци
  • Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир
  • (ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме
  • Зеленски: Украинските животи се поважни од цените на дизелот во светот

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.