Во текот на февруари 2025 година, како дел од континуираните плански сообраќајни контроли на патиштата низ државата, од сообраќај биле исклучени вкупно 2.059 возачи кои управувале возила без возачка дозвола, како и 617 возачи затекнати во алкохолизирана состојба.
Дополнително, полициските службеници изрекле дури 7.473 возачи добиле казни поради пречекорување на дозволената брзина.
Вкупниот број на издадени платни налози за месец февруари изнесува 23.844. Од нив, 1.508 санкции биле изречени поради некористење на сигурносен појас, 766 за употреба на мобилен телефон за време на возење, а санкционирани биле и 475 пешаци. Најголем дел од прекршоците, вкупно 5.746, се однесуваат на неправилно паркирање.
