Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу повторно ја посети Македонија, овој пат како гостин на најновото издание на „Златна бубамара на популарноста“.
На свечената церемонија, која се одржа синоќа, Котецу беше удостоен со признанието „Амбасадор на македонската култура за 2024 година“.
Како вистински почитувач на македонското музичко наследство, особено делата на Јонче Христовски, Котецу ја изведе емотивната „Ако умрам, ил загинам“, предизвикувајќи бурни овации од присутните.
