Гробното место на познатиот водител Зоран Василевски – Зоки Фаци, кој неодамна ја загуби битката со тешката болест, било осквернавено.
За овој немил настан информираше неговиот пријател, Стефан Лазаров, кој го сподели своето огорчување и разочарување од ваквиот чин.
„Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе , остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота!
Случајот е пријавен од семејството на Зоки и се надеваат дека од Министерството за внатрешни работи во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија…“, напиша Лазаров.
