Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Трговците се жалат поради мерките: Со ова ни се нанесува штета, а не се заштитени ниту граѓаните

Gladiator 19/02/2025

Стопанската комора на трговци на големо и мало, која ги опфаќа стопанствениците од секторите за прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун, изразува длабока загриженост поради најновите одлуки на Владата.

Овие мерки беа соопштени вчера од заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, и предизвикаа реакции во трговскиот сектор.

„Сепак, забележуваме дека во својата изјава, заменик-министерот сам се демантира. Од една страна, се наведува дека основните производи се маржираат од 20-25%, што е причината за ограничувањето на маржата на 5%, но од друга страна се тврди дека нема да има значително намалување на цените. Логично е, цените да се намалат за 15-20%, доколку се намали маржата на овој начин.

Дополнително, овие одлуки не ги заштитуваат социјално загрозените граѓани, туку најголемата финансиска корист ќе ја имаат потрошувачите со повисоки приходи.

На пример, во групата на месни производи ќе треба да се намалат цените и на луксузни производи, што значи дека не се води сметка за приоритетите на граѓаните со пониски примања.

Исто така, иако Владата најави дека оваа мерка ќе опфати 1000 производи, во реалноста се работи за многу поширока листа од 3000-4000 производи, вклучувајќи ги сите видови млеко со различни маслености, како и производи како што се детергенти и сапуни.

Целиот сектор ја дели загриженоста, иако до Владата, Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат достави конкретни предлози, кои се одраз на реалната состојба. Овие предлози беа на барање на Владата. Тие имаат за цел да се обезбедат ефективни мерки за намалување на цените, а истовремено да не го загрозат опстанокот на трговските претпријатија.

Затоа предлагаме Владата посериозно да ги земе предвид нашите аргументирани предлози, кои се во согласност со Уставот и законите на државата, пред да донесува вакви сериозни одлуки, кои можат да нанесат голема штета на сите стопански субјекти вклучени во трговската дејност.

Со вакви избрзани одлуки, се нанесува значителна штета на голем број стопански субјекти кои имаат клучна улога во развојот на економијата. Овие компании се
соочуваат со неизвесност во нивните идни инвестиции и активности, а истовремено се испраќа негативна порака до сите потенцијални инвеститори во дејноста.

Поради горенаведените причини, Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун бара итна средба со премиерот и министерот за економија и труд, за да ги разгледа последиците од овие одлуки и да ги земе предвид аргументираните предлози на компаниите од трговската дејност. Овој наш став, од неофицијални извори, го делат или го поддржуваат сите компании што се занимаваат со трговска дејност. Овие компании вработуваат 4700 граѓани и нивното функционирање е од суштинско значење за економската стабилност на државата“, соопштија од Стопанската комора на трговци.

Tags: трговци

Continue Reading

Previous: Пратеник од Прилеп е рекордер за патни трошоци: Зијан сум, не сум злоупотребил ниту денар
Next: Најзгодната македонска кошаркарка го роди своето прво дете (Фото)

Најново

  • (ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!
  • (ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!
  • (ВИДЕО) Пукање во локал во Белград: Се ракува, па го застрела Дарко во глава

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!

(ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!

22/06/2026
(ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!

(ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!

22/06/2026
(ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!

(ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!

22/06/2026
(ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!

(ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!

22/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!
  • (ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!
  • (ВИДЕО) Пукање во локал во Белград: Се ракува, па го застрела Дарко во глава

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.