Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Угинаа берберски овци во скопската Зоолошка градина

Gladiator 17/02/2025

Во вторник, на 11 февруари, при редовната утринска проверка на живеалиштето на берберските овци во скопската Зоолошка градина, вработените пронашле неколку угинати животни.

Според официјалните информации од градината, овците немале видливи повреди, ниту пак претходно покажувале знаци на болест, што ја прави оваа ситуација уште понеобична и загрижувачка.

Веднаш по откривањето на несаканиот настан, биле алармирани надлежните институции. На лице место пристигнале инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои започнале со детална истрага за да се утврдат причините за угинувањето.

„Во текот на минатата недела, поточно во вторникот ( 11.02), во живеалиштето на берберски овци при редовна утринска контрола пронајдовме угинати животни, кои немаа видливи знаци на повреди, ниту пак претходно покажале знаци на болест.

Веднаш беа повикани инспектор од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направија целосен увид на лице место и ја отпочнаа постапката за обдукција на угинатите единки.

Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и ќе ги добиеме резултатите од обдукцијата.

Се сомневаме дека станува збор за труење од гранки од растението тиса (taxus baccata) кое може да биде отровно за животните.

Нашата установа редовно и транспарентно известува за сите случувања, а доколку се случи немил настан, веднаш ги известуваме сите надлежни институции со цел брзо постапување и откривање на причините“, соопштија од Скопската Зоолошка.

Tags: зоолошка скопска зоолошка

Continue Reading

Previous: Свадбата ќе почека: Јелена Розга се бори со тешка болест
Next: Полицајци фатија крадци додека „оперираат“ во црква

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

10/11/2026
Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

10/11/2026
„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

10/11/2026
Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

10/11/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.