
Огромен број луѓе го исполнија булеварот „Партизански одреди“, а потоа продолжи кон Собранието, во вториот протест во Скопје по повод трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачки премин на 29 јануари од возачот Васил Јованов.
Граѓаните изразија гнев и разочарување поради неодговорното возење и недостигот на соодветна правна реакција во случаите како овој, кои резултираат со трагедии.
