Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Единствениот монах Македонец се моли на македонски јазик на Света Гора

Gladiator 28/01/2025

Славата и богатството не успеале да го задржат во светот на световните успеси. Георгиос Теохарис од Лерин, по потекло Македонец, кој достигнал врвни височини во шампионатите за борење и освоил 11 медали, одлучил да се повлече од светот, објави „Религија.мк“.

Пред околу две децении, тој ја напуштил својата кариера, семејството, пријателите и домот, и заминал на Света Гора, во Катунакија, карпест предел на јужниот дел од Атонскиот полуостров.

По пристигнувањето на Света Гора, Георгиос го прифатил монашкиот живот и го добил името отец Василиј. Според Македонците од Егејска Македонија, тој е единствениот монах кој ги изговара молитвите на македонски јазик.

„Тој е од Лерин. Пред многу години замина на Света Гора, каде што во пештера чита молитви на македонски. Тој е единствениот од целата Цариградска патријаршија, од Ерусалим па наваму, кој се моли на нашиот јазик“, вели Василис Каритидис од Леринско на Фејсбук.

Монахот отец Василиј води строг аскетски живот. Според Василис, кој е лекар и често престојува на Света Гора, отец Василиј живее исклучиво од пост и молитва.

„Тој живее само на леб и печурки, прави супа или лесна чорба. Еден леб му трае 38 дена. Има 75 години, а од него зрачи светлина и милост“, раскажува Василис.

Извор: Религија.мк

Tags: монах света гора

Continue Reading

Previous: Живот во „гасна комора“: Четврти ден гори депонијата кај Алинци (Фото)
Next: Битолчанец измамен од девојка од Малта за 4.440 долари

Најново

  • (ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта
  • Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали
  • (ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати
  • (ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!
  • Инцидент во здравствена установа во Карпош, пријавени закани кон медицински персонал!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта

(ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта

10/08/2026
Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали

Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали

10/08/2026
(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати

(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати

10/08/2026
(ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!

(ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!

10/08/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта
  • Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали
  • (ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати
  • (ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!
  • Инцидент во здравствена установа во Карпош, пријавени закани кон медицински персонал!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.