
Парламентарните избори во Албанија се закажани за 11 мај, а официјалната изборна кампања започна на 11 април. И покрај тоа што е во рана фаза, изборниот процес веќе е засенет од првиот регистриран случај на изборна корупција.
Според информациите објавени од албанската полиција, во градот Љушња е приведено лице со иницијали М.Л., под сомнение за сторено кривично дело „Активна изборна корупција“.
Тој наводно му понудил на граѓанинот М.Т. износ од 50.000 леки, односно околу 500 евра, во замена за неговата лична карта, со цел да се обезбеди поддршка за одреден политички субјект на претстојните избори.