
Популарниот пејач Руби Перез загина во ноќен клуб во Доминиканската Република кога се урна покривот. Неговата ќерка, Зулинка, со потресни зборови се прости од својот татко.
Бројни телевизиски екипи беа присутни на самото место и го забележаа овој емотивен момент.
– Луѓето ја бараа песната „De color de rosa“. Му реков: „Тато, помогни ми“, а тој ме замоли да останам кај тој микрофон. Да бев на другиот микрофон, сега немаше да бидам жива – изјави Зулинка, која исто така била во клубот таа кобна вечер кога се урнал покривот.