Фото: Принтскрин
Полскиот претседател Карол Навроцки свика итни консултации со претставниците на парламентарните партии по ескалацијата на спорот околу Уставниот суд во Варшава.
Навроцки оцени дека е нарушен уставниот поредок на земјата и повика на итни мерки за стабилизирање на политичката ситуација.
Кризата се заостри во петокот вечерта, кога пред зградата на Уставниот суд во Варшава избувнаа тензии, а полицијата интервенираше по инциденти со демонстрантите.
