Фото: Принтскрин
Министерот Стефан Андоновски гостуваше во вестите на телевизија „Сител“ и откри кога се очекува поставување на камен-темелникот на Националниот дата центар.
„Изградбата на Националниот дата центар е еден од клучните приоритети на Министерството за дигитална трансформација, а ако процедурите се одвиваат според планот, изградбата може да почне во 2027 година“, кажа Андоновски.
Локацијата на дата центарот е избрана во близина на Скопје.
