Жителите на скопската општина Чаир реагираат на опасното однесување на возач на улицата „Ќемал Сејфула“. Според објавените информации и видеоснимката што кружи на социјалните мрежи, автомобил секоја вечер се движи на начин што предизвикува загриженост кај локалното население.
Жителите очекуваат полицијата и надлежните институции да го испитаат случајот, да преземат соодветни мерки и да спречат потенцијални несреќи. Безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот мора да биде приоритет.
Видео: Фејсбук-група „Duam Çair të pastër“.
Веста ја пренесува Faktor.mk
