Снимка објавена од Звонко Димовски во групата „Ѕид на сообраќаен срам“ прикажува несекојдневна и опасна ситуација на улиците. Додека автомобилите на коловозот се заглавени во сообраќаен метеж, едно возило се движи по велосипедската патека, наменета исклучиво за велосипедистите.
Особено загрижувачки е фактот што во непосредна близина се движи и велосипедист, со што ваквиот потег може да ја загрози неговата безбедност.
Сообраќајниот метеж не е изговор за непочитување на правилата. Велосипедските патеки постојат за да обезбедат побезбедно движење на велосипедистите, а нивното користење за заобиколување колони е неодговорно однесување.
Останува надлежните служби да го разгледаат случајот и, доколку се утврди прекршок, да преземат соодветни мерки.
Веста ја пренесува Fokus.mk
