Фото: Принтскрин
Бугарија побара помош од Европската Унија и НАТО за истрагата за нападот со дронови врз два трговски брода во Црното Море.
Едниот брод потона, додека на другиот избувна пожар, а десет членови на екипажот на потонатиот пловен објект се водат како исчезнати. Засега не е утврдено кој стои зад нападот.
Нападот се случил на 6 октомври, на околу 130 километри од бугарскиот брег, во близина на градот Бјала. Според бугарските власти, двата трговски брода биле погодени со поморски и воздушни дронови.
