Фото: Hristijan Mickoski/Facebook
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски кажа дека ќе се наплаќаат влезници за посета на Калето во Скопје, но откако ќе биде среден локалитетот.
„Нормално дека ќе се наплаќа. Но не сега, туку кога ќе биде пуштено во функција, кога ќе биде средено како што е секаде во светот“, кажа премиерот.
Калето се очекува да биде средено во текот на 2027 година, иако се очекува во следните месеци да почнат активностите.
