Несовесно возење со брзина од дури 157 километри на час го чинеше слобода 22-годишен жител на Тузи.
Црногорската сообраќајна полиција во Подгорица го привела Н.К., откако при контрола било утврдено дека со својот „мерцедес“ се движел со речиси двојно поголема брзина од дозволената.
Младиот возач бил снимен на магистралниот пат Подгорица–Тузи, на делница каде што максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. Тоа значи дека тој возел дури 77 километри на час над дозволеното.
Случајот добил дополнително внимание откако снимката од опасното возење била објавена на Инстаграм стори. Полицијата ја регистрирала снимката, по што презела мерки и го лишила 22-годишникот од слобода.
За настанот информираше црногорската сообраќајна полиција, која го пријавила возачот поради сторениот сообраќаен прекршок.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
