На социјалните мрежи се појави видео снимка од опасен сообраќаен момент што се случил вчера во раните утрински часови на еден од скопските булевари, во близина на „Мерцедес“.
На снимката се забележува патничко возило како се движи во спротивна насока од дозволената, при што, според достапните информации, се упатувало од подрачјето на Гази Баба кон Аеродром.
Непосредно потоа, возилото било запрено од полициски службеници кои во тој момент биле во близина и вршеле контрола.
Возењето во спротивен правец претставува исклучително опасно прекршување на сообраќајните правила и може да доведе до директен судир со други учесници во сообраќајот, особено во услови на намалена видливост и раните утрински часови.
За среќа, според информациите, инцидентот поминал без повредени или загинати лица.
Случајот е преземен од надлежните институции, кои треба да ги утврдат сите околности поврзани со настанот.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
