Најмалку 20 лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што утрово ја потресе Холандија, откако автобус полн со патници се судрил со доставно возило, а потоа се превртел покрај автопатот.
Инцидентот се случил на автопатот А28, во близина на Везеп. Во автобусот имало повеќе од 50 патници, а меѓу нив биле и голем број ученици од Германија.
Според првичните информации, автобусот со голема сила го удрил комбето во задниот дел. По ударот, возачот изгубил контрола над возилото, кое излетало од коловозот и се превртело на страничната страна.
Осум повредени лица биле пренесени во болница, а меѓу нив е и возачот на комбето. Надлежните соопштија дека некои од повредените се здобиле со посериозни повреди, додека останатите со полесни повреди биле згрижени на местото на несреќата.
Спасувачките екипи имале тешка задача да ги извлечат патниците од превртениот автобус. Пожарникарите интервенирале на возилото, а дел од учениците биле извадени преку неговиот покрив.
Првичните информации укажуваат дека голем дел од повредите биле предизвикани од скршеното стакло во автобусот.
По несреќата, сообраќајот на автопатот А28 е прекинат во двата правци. Полициските и спасувачките служби се на терен, додека се врши расчистување на местото и се истражуваат околностите што довеле до тешкиот судир.
Се очекуваат дополнителни информации за состојбата на повредените и точната причина за несреќата.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
