Фото: Принтскрин
Според најновата информација на Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 13:00 часот, на територијата на Македонија се евидентирани вкупно девет пожари на отворен простор.
Во моментов активни се два пожари. Едниот е во Општина Старо Нагоричане, над ресторанот „Баба Цана“, каде гори ниска вегетација и стрниште, додека вториот е во Општина Свети Николе, помеѓу селата Црнилиште и Сарамзалино покрај патниот правец Велес–Штип, каде огнот зафатил ниска вегетација, сува трева и лозје.
Под контрола е пожарот кај село Белица во Општина Македонски Брод, каде интервенирано е на ниска вегетација, сува трева и лисна постилка.
Во меѓувреме, изгаснати се шест пожари на различни локации низ државата, и тоа во Струмица, Валандово (на две одделни локации), Пехчево, Прилеп и Куманово.
