Три противпожарни авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување дејствуваа во координирано „синџир дејство“ врз пожарот во Пробиштипско, при што авионите еден по еден непрекинато исфрлаа вода врз огнената линија, со цел да се намали интензитетот на пожарот и да се овозможи поефикасна интервенција на копнените екипи.
Претходно, еден од противпожарните авиони на ДЗС интервенираше и врз пожарот на ридот Исар над Штип, каде од воздух беа извршени повеќе прецизни исфрлања на вода за спречување на понатамошното ширење на огнот.
Воздушните и копнените сили продолжуваат координирано да ја следат состојбата и да интервенираат таму каде што е најпотребно.
