Пожар предизвикан од удар на гром за време на невремето избувна во околината на Штип, при што поради силните налети на ветер и тешко достапниот терен огнот брзо се прошири на поширока површина и се доближи до населените подрачја.
Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, информираше дека противпожарните служби веднаш реагирале и излегле на терен. Во акцијата за локализирање на пожарот се вклучиле и доброволни противпожарни друштва, со цел да се спречи огнената стихија да ги загрози домовите и имотите на граѓаните.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
