Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва објави порака по дадениот ултиматум до Иран дека ќе бомбардира различни локации.
„На основа на разговорите со премиерот Шехбаз Шариф и Асим Мунир од Пакистан, кои ме замолија да ја запрам разорната сила испратена кон Иран и под услов Иран да прифати целосно, непосредно и безбедно отворање на Ормускиот мореус, се сложувам да го запрам бомбардирањето и нападот на Иран на период од две недели“, напиша Трамп.

