Фото: МВР
По имплементацијата на „Сејф Сити“ на повеќе локации низ државата, следен град кој треба да го користи системот е Струмица.
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска оствари работна средба со градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.
„Соговорниците разговараа и за проектот „Сејф сити“, при што беше истакнато дека се планира негова имплементација во Струмица до крајот на годината, како дел од напорите за воведување современи технолошки решенија во функција на безбедноста“, се вели во соопштението на МВР.
