Терористичката организација ИД (ISIS) испрати директен повик до своите следбеници да извршуваат напади врз верски објекти за време на големиот христијански празник Велигден. Во последното издание на нивниот пропаганден билтен „Al-Naba“, групата ги охрабрува радикалните лица да „дејствуваат“ и да предизвикаат штета на црквите и синагогите ширум светот. Главните цели се САД, Европа и Русија, а според ИД, локациите на верските објекти се „добро познати и лесно достапни“ за напади. Методите што се предлагаат вклучуваат употреба на запаливи средства, ножеви и возила како оружје, што е типичен потпис на „самохраните напаѓачи“. Безбедносните служби на глобално ниво веќе ги подигнаа мерките за заштита и апелираат до верниците да бидат внимателни, без да се создава паника. Целта на ваквата пропаганда е да внесе страв и несигурност меѓу верниците токму во периодот кога црквите се најмасовно посетувани.
Веста ја пренесува Zboruvaj.mk
