Еден напаѓач загина, а двајца се повредени откако отворија оган во близина на израелскиот конзулат во Истанбул, соопштија турските власти.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Мустафа Чифтчи, информираше дека осомничените пристигнале со изнајмен автомобил од Измит. Исто така, е утврдено дека едно од лицата имало врски со група која злоупотребува религиозни мотиви.
Според турските власти, двајцата напаѓачи биле браќа, а едниот имал и криминално досие, вклучувајќи прекршоци поврзани со дрога.
Инцидентот се случил во близина на израелски дипломатски објект, но израелските медиуми јавуваат дека во моментот немало распоредени дипломати ниту во конзулатот во Истанбул, ниту во амбасадата во Анкара.
Веста ја пренесува Premiernews.mk
