Од гробот на италијанската манекенка Памела Џенини исчезнал дел од нејзините посмртни остатоци. Според првичните информации, засега непознат сторител го осквернил гробот и ја одзел нејзината глава.
Манекенката беше убиена од својот партнер Џанлука Сончина во октомври минатата година, по што тој се обидел да си го одземе животот.
Грозоморното откритие било направено во понеделник, кога требало нејзиниот ковчег да биде пренесен од гробницата во семејната капела. Јавното обвинителство во Бергамо веќе започна истрага за случајот.
