Фото: Принтскрин
Доктор Ненад Лазаров упати критики за протестот кој се одржа денеска во Скопје од страна на албански студенти кои бараа да полагаат правосуден испит на албански јазик.
Д-р Лазаров посочи дека правото на мајчин јазик е неоспорно и го поддржува, но посочи дека денешниот протест има политичка позадина.
„1 знаме на државата во која живеете и барате нема на протестов, цел живот е колегава у политика што не направи поише?
Логика секаква има протестов пред штаб на ДУИ, истите што ве користат ко статисти за да се вратат на фотеља!
Исто така и скандирање УЧК смета и тоа многу!
Правото на мајчин јазик во 21 век за мене како интелектуалец е неоспориво и ве поддржувам, ама ми се гади од вакви “протести”“, напиша д-р Лазаров.
