Фото: Дарко Костовски
Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски оствари четири победи на Скопје Опен и успеа да го освои златниот медал.
Георгиевски беше извонреден на патот кон нов успех, откако најпрво го совлада Абдула Алмагди, па потоа славеше против Иван Шапина и Пашко Божиќ, а на крајот го реши и ривалот од Израел.
Ова е уште еден голем успех за македонскиот таеквондист, кој потврди дека се наоѓа во извонредна форма.
