Фото: Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT
Младинците на македонското олимписко таеквондо остварија забележителен успех на првиот ден од силниот меѓународен турнир Скопје Опен Г1/Е1 2026, освојувајќи повеќе медали и најавувајќи одличен настап и во продолжението на натпреварувањето.
Најголем дел од успехот дојде преку сребрените одличја. Ведрана Тунески од ТК Бутел стигна до сребрен медал со три убедливи победи, додека Ненад Целески од ТК Хваранг Фист се закити со сребро по една остварена победа. Уште едно сребро за Македонија обезбеди Душица Бресалиева од ТК Штип, која до финалето стигна со две победи.
Во бронзена конкуренција, Теодор Стојановски од ТК Бутел освои медал по две победи, додека Антонио Негријовски од ТК Феникс стигна до бронза со една победа.
