Фото: Принтскрин
Неколку денови откако норвешката полиција отвори истрага за корупција поврзана со досиејата на Џефри Епстин, поранешниот премиер Торбјорн Јагланд заврши во болница по наводен обид за самоубиство.
Јагланд наводно се обидел да се самоубие, но неговиот адвокат спречил информацијата да излезе во јавност.
Според документите кои беа објавени, Јагланд и членовите на неговото семејство одмарале во резиденциите на Епстин во период од 2011 до 2018 година.
