
Фото: Принтскрин
Американски камионџија од Охајо ги изненадил лекарите и болничкиот персонал откако се врати во живот по речиси еден час клиничка смрт. Човекот, кој доживеал тежок срцев удар, вели дека во тие мигови видел визија што го убедила дека задгробниот живот навистина постои.
Видеото е старо повеќе од 11 години, но деновиве повторно е актуелно во медиумите и во продолжение следи неговата приказна.
Станува збор за 41-годишниот Брајан Милер, кој се почувствувал лошо додека ја отворал приколката од својот камион. Иако веднаш повикал итна помош и успеал да каже: „Мислам дека имам инфаркт“, состојбата брзо се влошила. Лекарите подоцна откриле дека главната артерија му била целосно блокирана, што предизвикало масивен срцев удар.
По итната интервенција во болница, медицинскиот тим успеал да ја отстрани блокадата, но Милер останал без пулс околу 45 минути. Кога конечно се разбудил, првото нешто што го споделил било неговото неверојатно искуство.
„Се сеќавам дека одев по пат обложен со прекрасни цвеќиња кон силна светлина. Одеднаш ја видов мојата маќеа, која неодамна почина. Беше среќна, зрачеше со мир, исто како првиот ден кога ја запознав“, раскажува Милер.
Тој додава дека неговата маќеа му пријде, го фати за рака и му рекла: „Не е сè уште твоето време. Мораш да се вратиш, имаш уште многу работи што треба да ги направиш.“
За Милер ова искуство е доказ дека постои нешто по смртта. „Сигурен сум дека задгробниот живот е реалност. Луѓето треба да веруваат во тоа“, вели тој денес, благодарен што повторно е меѓу живите.