Фото: Принтскрин
Тешка трагедија ја погоди Турција, откако воен хеликоптер на турските воздухопловни сили се урна во покраината Ескишехир, при што животот го загубија петмина војници.
Несреќата се случила за време на тренажен лет, а информацијата за загинатите ја потврди турското Министерство за национална одбрана.
