Фото: Принтскрин
Возачите во Македонија од утре ќе точат гориво по пониски цени! Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која се намалуваат цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство.
ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за два денари по литар. Така, литар од најкористениот бензин БС-95 од досегашните 84 денари ќе се продава за 82 денари, додека БС-98 ќе чини 84 денари наместо досегашните 86 денари.
Уште поголемо намалување е предвидено кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поевтинува за 3,50 денари, па новата цена ќе изнесува 88,50 денари за литар, во споредба со досегашните 92 денари.
