Фото: Принтскрин
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска, 23 ноември 2026 година, треба да ја објави најновата одлука со која ќе бидат утврдени максималните малопродажни цени на бензините, дизелот и останатите нафтени деривати.
Со новата пресметка ќе стане јасно дали возачите ќе плаќаат повеќе за литар гориво, дали ќе следува поевтинување или цените ќе останат непроменети. Одлуката се очекува според редовната динамика на РКЕ, а евентуалните измени ќе стапат на сила од утре.
Во моментов, според последната одлука на Комисијата, донесена на 16 ноември, на сила се следните цени:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 84,00 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 86,00 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,00 денари за литар
- Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) – 100,50 денари за литар
- Мазут М-1 НС – 48,314 денари за килограм
