Фото: Принтскрин
Возач на тротинет за малку ќе настрадаше во страшна несреќа на железнички премин во Полска, откако решил да ја игнорира сигнализацијата и да премине преку пругата додека се приближувал воз. Само неколку секунди го делеле од потенцијално фатален судир.
Инцидентот се случил на 29 август во градот Голењов, а снимката објавена од најголемиот регионален железнички оператор во Полска го покажува ризичниот потег на возачот.
И покрај поставениот знак за запирање, возачот не се задржал пред железничкиот премин, туку продолжил да минува преку пругата. Во тој момент, кон него се движел воз, кој поминал непосредно откако скутерот успеал да ја премине опасната точка.
