Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ВИДЕО) Ужас во Скопје: Кучиња лежеле мртви едно до друго, објавено вознемирувачко видео!

Gladiator 23/11/2026

Screenshot

Неколку кучиња се пронајдени мртви на јавна површина во скопската населба Бутел, а околностите под кои настрадале засега не се познати. Од здружението за заштита на животните „Анима мунди“ се сомневаат дека животните биле отруени и бараат итна реакција од надлежните институции.

Од здружението посочуваат дека кучињата биле пронајдени едно до друго, а според нивниот изглед постои можност да потекнуваат од исто легло. Снимка од местото на настанот објавија и на социјалните мрежи.

Од „Анима мунди“ бараат екипи на МВР и Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш да извршат увид на локацијата, да соберат докази и да утврдат што довело до смртта на животните.

Според нив, треба да се провери дали кучињата биле усмртени токму на местото каде што се пронајдени или, пак, некој дополнително ги оставил таму. Бараат и проверка на околните безбедносни камери, како и утврдување на потеклото на животните и евентуалната одговорност за случајот.

Од здружението предупредуваат дека евентуалното присуство на отров на јавна површина претставува опасност не само за други животни, туку и за луѓето, особено за децата кои престојуваат или си играат во околината.

Од „Анима мунди“ потсетуваат дека Кривичниот законик, во членот 233, предвидува санкции за неоправдано убивање и мачење животни.

Оттаму инсистираат случајот да биде темелно истражен и да се утврди дали станува збор за труење, како и кој е одговорен доколку се потврдат сомнежите.

Здружението бара институциите да постапат без одложување, нагласувајќи дека ваквите случаи не смеат да останат без разрешница и соодветна одговорност.

Видеото го споделува Анима Мунди.

Tags: анима мунди кучиња Македонија

Continue Reading

Previous: (АУДИО) Тупаници, шлаканици и влечење за коса: Брутален напад врз доктор и медицинска сестра во Скопје!
Next: Нови цени на горивата од полноќ

Најново

  • (ВИДЕО) Зеленски се пофали: Украински дронови потопија руски воен брод кај Либија
  • (ВИДЕО) Возач на тротинет за малку ќе завршеше под воз: Опасен потег кој можеше да го чини живот
  • (ВИДЕО) Мистериозна црвена вода во Турција: Поток одеднаш ја промени бојата, властите започнаа истрага!
  • Овие цени на бензините и дизелот ќе важат од полноќ
  • Нови цени на горивата од полноќ

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Зеленски се пофали: Украински дронови потопија руски воен брод кај Либија

(ВИДЕО) Зеленски се пофали: Украински дронови потопија руски воен брод кај Либија

23/11/2026
(ВИДЕО) Возач на тротинет за малку ќе завршеше под воз: Опасен потег кој можеше да го чини живот

(ВИДЕО) Возач на тротинет за малку ќе завршеше под воз: Опасен потег кој можеше да го чини живот

23/11/2026
(ВИДЕО) Мистериозна црвена вода во Турција: Поток одеднаш ја промени бојата, властите започнаа истрага!

(ВИДЕО) Мистериозна црвена вода во Турција: Поток одеднаш ја промени бојата, властите започнаа истрага!

23/11/2026
Овие цени на бензините и дизелот ќе важат од полноќ

Овие цени на бензините и дизелот ќе важат од полноќ

23/11/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Зеленски се пофали: Украински дронови потопија руски воен брод кај Либија
  • (ВИДЕО) Возач на тротинет за малку ќе завршеше под воз: Опасен потег кој можеше да го чини живот
  • (ВИДЕО) Мистериозна црвена вода во Турција: Поток одеднаш ја промени бојата, властите започнаа истрага!
  • Овие цени на бензините и дизелот ќе важат од полноќ
  • Нови цени на горивата од полноќ

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.