Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(АУДИО) Тупаници, шлаканици и влечење за коса: Брутален напад врз доктор и медицинска сестра во Скопје!

Gladiator 23/11/2026

Фото: Принтскрин

Наместо да заврши со укажана медицинска помош, интервенција пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје се претворила во физички напад врз здравствени работници. Доктор и медицинска сестра од екипата на Итната медицинска помош биле нападнати од двајца мажи, татко и син, кои претходно побарале помош.

Според сведоштвата, инцидентот започнал кога синот побарал медицинска помош за својот татко, тврдејќи дека испил антифриз. Докторот предложил човекот да биде однесен до Клиниката за токсикологија со приватно возило, но двајцата инсистирале транспортот да го изврши Итната помош.

Медицинскиот тим објаснил дека за тоа е потребно претходно да се отвори налог преку телефонскиот број 194. Откако мажите одбиле да ја следат постапката, дошло до расправија која прераснала во физички напад.

докторот и медицинската сестра биле удирани и влечени за коса

Според сведочењето на возачот на амбулантното возило, докторот бил туркан, удиран со тупаници и шлаканици, а напаѓачите го влечеле и за коса. Во текот на нападот му била искината и облеката.

Медицинската сестра се обидела да интервенира, но и таа била нападната, добила шлаканици и била влечена за коса.

„Докторот беше искинат, издрпан, удиран, исто и медицинската сестра“, раскажал возачот за „Слободен печат“.

По инцидентот била повикана полиција. Таткото бил придружуван до Клиниката за токсикологија, додека нападнатите здравствени работници биле пренесени во Ургентниот центар, а потоа дале изјави во полициска станица.

лекарската комора бара одговорност

Нападот го осуди и Лекарската комора, од каде што побараа итна истрага и соодветно санкционирање на одговорните.

Оттаму најавија правна и психолошка поддршка за нападнатите колеги, нагласувајќи дека здравствените работници не смеат да бидат изложени на насилство додека ги извршуваат своите професионални обврски.

Во зависност од законската квалификација и околностите, за напад врз здравствен работник при вршење на дејноста може да следува затворска казна до пет години.

загрижувачки податоци за насилството врз лекарите

Од Лекарската комора предупредуваат дека насилството врз медицинскиот персонал е сериозен и долготраен проблем.

Според нивните анкети, 78 проценти од анкетираните доктори се соочиле со некаков вид насилство на работното место. Од нив, 80 проценти пријавиле вербално, а 6,8 проценти физичко насилство.

Особено загрижува податокот дека речиси 70 проценти од нападите воопшто не се пријавуваат.

Според податоците на МВР, минатата година биле поднесени две кривични пријави за напади врз здравствени работници, со тројца пријавени сторители – еден случај во Скопје и еден во Штип.

Последниот инцидент пред поликлиниката „Јане Сандански“ повторно ја отвори потребата од поголема заштита на медицинскиот персонал, кој секојдневно се грижи за здравјето и животите на граѓаните.

Видеото – аудиото и веста ја споделува Слободен Печат.

Видеото погледнете го тука!

Tags: брза помош македонија напад

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Страшен пожар во познато одморалиште: Огнот зафати шест хотели и повеќе од 40 објекти
Next: (ВИДЕО) Ужас во Скопје: Кучиња лежеле мртви едно до друго, објавено вознемирувачко видео!

Најново

  • (ВИДЕО) Зеленски се пофали: Украински дронови потопија руски воен брод кај Либија
  • (ВИДЕО) Возач на тротинет за малку ќе завршеше под воз: Опасен потег кој можеше да го чини живот
  • (ВИДЕО) Мистериозна црвена вода во Турција: Поток одеднаш ја промени бојата, властите започнаа истрага!
  • Овие цени на бензините и дизелот ќе важат од полноќ
  • Нови цени на горивата од полноќ

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Зеленски се пофали: Украински дронови потопија руски воен брод кај Либија

(ВИДЕО) Зеленски се пофали: Украински дронови потопија руски воен брод кај Либија

23/11/2026
(ВИДЕО) Возач на тротинет за малку ќе завршеше под воз: Опасен потег кој можеше да го чини живот

(ВИДЕО) Возач на тротинет за малку ќе завршеше под воз: Опасен потег кој можеше да го чини живот

23/11/2026
(ВИДЕО) Мистериозна црвена вода во Турција: Поток одеднаш ја промени бојата, властите започнаа истрага!

(ВИДЕО) Мистериозна црвена вода во Турција: Поток одеднаш ја промени бојата, властите започнаа истрага!

23/11/2026
Овие цени на бензините и дизелот ќе важат од полноќ

Овие цени на бензините и дизелот ќе важат од полноќ

23/11/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Зеленски се пофали: Украински дронови потопија руски воен брод кај Либија
  • (ВИДЕО) Возач на тротинет за малку ќе завршеше под воз: Опасен потег кој можеше да го чини живот
  • (ВИДЕО) Мистериозна црвена вода во Турција: Поток одеднаш ја промени бојата, властите започнаа истрага!
  • Овие цени на бензините и дизелот ќе важат од полноќ
  • Нови цени на горивата од полноќ

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.