Фото: fahndung.polizei-bw.de
Потрагата по 39-годишната Тамара Шкориќ, Србинка која исчезна во германскиот град Мурхарт, и натаму не дава резултати. И покрај повеќе од 30 дојави, германската полиција сè уште нема конкретна информација што би можела да помогне во откривањето на нејзината локација.
Нови детали за нејзиното исчезнување изнесуваат членовите на семејството. Според тврдењата на роднина, сопругот на Тамара наводно ја видел низ прозорецот како влегува во такси и заминува во непознат правец.
Тамара исчезнала на 10 ноември, кога го напуштила семејниот дом. Таа е мајка на четири деца, а нејзиниот сопруг во емотивно обраќање за германските медиуми изјавил дека не може да замисли дека таа доброволно би ги оставила децата.
Германската полиција претходно организираше голема потрага во шумските предели околу Мурхарт, во која учествуваа повеќе од 50 полицајци, кучиња трагачи и дронови. И покрај обемната акција, не беше пронајдена трага што би го открила нејзиното движење.
