Фото: Принтскрин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати иронична порака до рускиот лидер Владимир Путин, откако дознал дека руските претставници на преговорите во Абу Даби тврделе дека контролираат делови од Донбас кои сè уште се под украинска контрола.
Зеленски откри дека украинскиот преговарачки тим им одговорил со видеоснимки, фотографии и други докази дека спорните територии се наоѓаат под контрола на украинската војска.
„Мислам дека Путин живее во некој друг свет, во поинаква реалност. На Американците им кажува дека му требаат уште еден до три месеци за целосно да го освои источниот дел на Украина. Се разбира, и јас можам да му нацртам карта на која целосно ја окупирам Русија, но тоа едноставно не е вистина“, кажа Зеленски.
