Фото: МВР
Возачите имаат уште неколку дена да се подготват за задолжителната зимска опрема, која согласно законот мора да ја поседуваат во возилата од 15 ноември до 15 март. За непочитување на оваа обврска е предвидена казна од 45 евра.
За патничките возила до 3.500 килограми, зимската опрема подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри или летни гуми со иста длабочина, но со соодветни синџири за снег.
Кај возилата со погон на сите четири тркала важат посебни правила: зимските гуми треба да имаат шара од најмалку 6 милиметри, додека со летни гуми се потребни најмалку 4 милиметри и соодветни синџири за снег.
