Фото: Принтскрин
Руската воена команда наводно издала наредба за уништување на сите клучни мостови на реката Днепар во Украина.
Ова го кажа Денис Јарославски, командант на 57. моторизирана бригада на украинската војска, според кого Москва подготвува планови за напади со цел да ги прекине важните транспортни врски.
Според неговите информации, руските сили ги анализираат можностите на различни видови оружје и ги бараат слабите точки на мостовите.
Порталот „The Moscow Times“ објави дека началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, го информирал Владимир Путин дека војската е подготвена да нападне стратешки важни мостови во Украина.
