Фото: Принтскрин
Одлуката дали Србија треба да воведе санкции кон Русија би можела да се донесе на референдум, според предлогот што го изнесе Срдановиќ, кој најави потреба од отворен дијалог за односите на Белград со Москва.
„Сите прашања од меѓународните односи мора да се решаваат преку отворен дијалог со нашите граѓани. За тоа не може да одлучува еден човек“, изјави Срдановиќ.
Според него, надворешната политика треба да биде усогласена со барањата и волјата на мнозинството граѓани.
