Фото: Принтскрин
Словенечкиот премиер Јанез Јанша порача дека Словенија ќе поддржи евентуално забрзување на преговорите за членство на Србија во Европската Унија (ЕП), сепак постои услов за такво нешто.
Јанша кажа дека условот е Белград да ѝ ги предаде архивите на поранешните југословенски служби што се однесуваат на Словенија.
Премиерот на Словенија ова го објави на социјалната мрежа „Икс“, наведувајќи дека Словенија нема да даде согласност за никаков напредок на Србија кон ЕУ додека не бидат предадени сите релевантни архиви.
