Фото: Принтскрин
Двајца полициски службеници биле повредени во инцидент што се случил во неделата вечерта во Лазаревац, Србија, кога група лица нападнала полицајци со камења, пиротехнички средства и други опасни предмети.
Според соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 18:30 часот пред просториите на Српската напредна партија (СНС).
На социјалните мрежи се појавија и снимки од физичката пресметка пред штабот на СНС.
