Фото: Принтскрин
Александар Вучиќ изјави дека студентската листа би можела да освои најголем број мандати на парламентарните избори во Србија.
Изјавата доаѓа во изборна вечер исполнета со неизвесност, додека се очекуваат подетални информации за резултатите и распределбата на пратеничките места.
„Ги немаме резултатите, многумина ќе бидат изненадени, а вие ќе сфатите колку некои лажеа. Ги загубивме овие избори, најмногу мандати ќе добие студентско блокадерската листа. Ќе имаат околу 135 и 140 мандати, а ние ќе имаме 105“, кажа Вучиќ.
