Фото: Принтскрин
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека доколку партијата се врати на власт, ќе гарантира полагање на правосудниот испит целосно на албански јазик.
Во гостувањето во емисија на Алсат, Филипче доби прашање дали би им гарантирал на студентите дека правосудниот испит ќе можат да го полагаат на албански јазик, доколку дојде на власт, откако во изминатиот период имаше протести поради тоа.
„Секако дека законите и Уставот мора да се почитуваат. Во овој случај, апсолутно сметам дека треба да се полага на јазикот што кандидатите ќе го побараат“, кажа Филипче.
@alsat_mk Filipçe: Nëse vij në pushtet, jurisprudenca 100% shqip
♬ original sound – alsat.mk
