Фото: Принтскрин
Македонското знаме повторно се најде меѓу најдобрите во светот, откако талентираната Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во танц, кое се одржува во Киелце, Полска, во категоријата „All Styles Battles Junior 1“.
Палчевска се избори за третото место во својата конкуренција, при што оствари значаен успех на светската сцена и уште еднаш го потврди потенцијалот на младите македонски танчери.
„Успехот се множи-само кога се дели. Медалите се најмалото нешто со кои го напуштаме подиумот. Поддршка која можеш да ја почувствуваш и преку видео. Незаменливо“, објави „Еурека“.
