Фото: Принтскрин
Македонија доби светска вицешампионка во танц, откако младата и талентирана Ања Јолакоска освои сребрен медал на Светското првенство во Киелце, Полска, во категоријата „All Style Battles Adults“.
Овој резултат претставува историски успех за македонскиот танц, бидејќи, според објавата на нејзиниот тим, станува збор за највисокиот пласман досега за нашата земја на Светско првенство во хип-хоп и попинг танц во сениорска конкуренција.
„Ања продолжи да ги остваруваш соништата кои веќе се заеднички, а ние ќе бидеме твоја најголема поддршка“, објавија од „Еурека“.
